Идеална храна за диета: Со овие јадења намалете го апетитот

Објавено на 6 јуни, 2022 во 12:21

Дали знаете која храна го намалува чувството на глад, а со тоа и тежината? Откривме што треба да јадете за да ја одржите вашата линија.

Доколку планирате диета или сакате да го намалите внесот на храна, еве неколку намирници кои ви помагаат да го регулирате апетитот.

Јаболко

Идеално е да се јаде јаболко половина час пред оброк бидејќи создава чувство на ситост. Бидејќи се полни со вода и растителни влакна, јаболката се идеално овошје за грицкање, а некои истражувања дури покажаа дека телото согорува многу калории со варење на јаболката.

Авокадо

Ако јадете половина авокадо со ручек или после ручек, нема да се чувствувате гладни цело попладне, тврдат нутриционистите. Според една студија објавена во списанието Nutrition, жените кои јадат половина авокадо со ручек покажуваат 25 отсто помала желба за храна три часа по оброкот и помалку се во искушение да посегнат по грицките.

Супа

Супата е идеален почеток на секој ручек. Покрај тоа што после супата јадете 20 отсто помалку од главното јадење, доброто е што чинијата за супа содржи многу малку калории и многу витамини и минерали. Исто така, супата физички зафаќа многу простор во желудникот, па јасно е дека не можете да јадете голема количина храна потоа.

Краставици

Тие содржат малку калории и многу вода и тоа ги прави идеална храна за сите кои сакаат да ослабат. Освен свежите, добри се киселите краставички, како и другиот зеленчук од зимата, бидејќи симулира производство на хормони кои од цревата и желудникот му испраќаат на мозокот импулс да биде сит. Тие делуваат и како пробиотици.

Лути пиперки

Капсаицинот кој се наоѓа во нив го забрзува метаболизмот, а неодамнешното истражување на Универзитетот во Мастрихт покажа дека помага и во контрола на апетитот. Ако додадете ¼ лажичка чили во вашиот оброк, ќе се заситите побрзо и ќе јадете помалку, а ќе внесете и до 25 проценти помалку калории во текот на денот.

Бадеми

Јаткастите плодови, особено бадемите, се многу корисни во борбата против чувството на глад бидејќи се богати со здрави незаситени масти, протеини и растителни влакна. Овие три хранливи состојки заедно го регулираат метаболизмот и нивото на шеќер во крвта, чиј пад е одговорен за чувството на глад.

Вода

Кога сме дури и малку дехидрирани, може да се чувствуваме гладни бидејќи симптомите на глад и жед се многу слични. Затоа, кога ќе почувствувате глад, пијте вода и почекајте 10 минути бидејќи големи се шансите дека ќе ви помине.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.