Канцелариски закуски!
Објавено: 28 јануари, 2013, во 13:13 часот
Кога внимавате на телесната тежина, едно од местата каде што е најтешко да се држите до програмата е работното место.
Пробајте некоја од следниве ужинки под 150 калории.
20 Бадеми
Бадемите содржат растителни влакна, а последните истражувања покажаа дека луѓето кои се на диета и редовно јадат бадеми симнуваат повеќе килограми и масни наслаги, отколку оние кои не јадат бадеми. Еден грст бадеми и гладот ќе биде скротен, а во исто време правите нешто добро за срцето, но и за кожата. Приближна енергетска вредност: 140 калории.
Црно чоколадо
Црното чоколадо може да ви помогне да го намалите процентот на мсни наслаги (преку снижување на стрес-хормоните во организмот – што е одлична ужинка пред здодевен попладневен состанок), а слаткиот вкус ќе ја задоволи и желбата за благо. Приближна енергетска вредност: 139 калории
Интегрални чоколатца со брусница
Малите плодови на брусницата содржат исклучително висока концентрација на антиоксиданси, кои се борат против болестите, а во исто време се и одличен извор на растителни влакна. Приближна енергетска вредност: 140 калории.
Микс јаткасти плодови
Одредени миксови на јаткасти плодови можат да содржат шеќер колку цело чоколадо. Но, ако изберете природен микс, тогаш дефинитивно правите нешто добро за здравјето: бадемите даваат протеини, индиските оревчиња се богати со магнезиум, лешниците содржат доволно железо и калциум итн., а нема непотребни и штетни додатоци. Приближна енергетска вредност: 150 калории.
Јаболко
Јаболката се супер храна која помага при слабеење, затоа купете си јаболко кога одите на работа и изедете го пред ручекот за да го намалите внесот на калории во текот на главниот оброк. Приближна енергетска вредност: 119 калории.
