Свети Валентин на Твитер!

Објавено: 14 февруари, 2013, во 13:00 часот

Додека некои луѓе го слават Св. Трифун, други одвај го дочекаа Свети Валентин со насмевка на лицето знаејќи дека тој ден максимално ќе и се посветат на својата подобра половина или симпатија.

За втората група на луѓе, или оние срамежливите, создаден е  Twalentin сервис, кој овозможува анонимно преку Твитер да искажат љубов со свои зборови на својата сакана. Позади  Twalentin стои млад словенечки веб програмер и твитераш, Тилен Држан, кој вели дека досега ова е најсладок проект што го работел.

За да испратите анонимна порака на ваша симпатија доволно е да ја посетите веб страната  Twalentin, во местото за порака да го напишете името на саканата за која твитате и пораката упатена до неа, потоа истата ќе биде проверена и испратена до примачот со хаштаг #twalentine.

Твитераши навалете …

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.