Фејсбук презентираше нови емотикони!

Објавено на 16 февруари, 2013 во 11:04

Нивната желба е да се зголеми бројот на достапни емотикони, но истовремено да бидат полесно препознатливи и поекспресивни во изразувањето и пренесувањето на емоциите.

Токму за овој проект го ангажирале аниматорот Мет Џонс, вработен во Pixar. Тој веќе направил неколку почетни цртежи.

 

Мет досега работел на анимирање на 3D цртаните филмови на Pixar, а фацијална експресија и изразување емоции студирал во САД. Засега не се познати какви ќе бидат новите емотикони достапни за корисниците, но досега Facebook добил голем број предлози.

За своите истражувања на оваа тема, Џонс го користел и делото од Чарлс Дарвин, „Експресијата на емоциите кај луѓето и животните“.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.