Зошто белее косата?
Тим американски биолози ја реши мистеријата на седата коса, а белеењето на косата нема врска со мудроста, стои во најновата студија…
Косата во подоцнежните години од животот белее затоа што хидрогенот пероксид го уништува природниот пигмент во фоликулите на влакната. Пероксидот ја блокира синтезата на меланин, кој им дава боја на влакната, очите и кожата.
„Малку е познато дека секоја клетка од влакното произведува мала количина на хидроген пероксид, чие лачење со годините се зголемува. Пероксидот прво ја прави косата сива, а во последните фази сосема ја обелува, како што многу жени ја белееат својат коса кај фризерот“, вели Gerald Washington, главен уредник на научното списание FASEB во кое е објавено истражувањето.
Научниците при тестирањето откриле дека засиленото лачење на пероксидот во фоликулите е предизвикано со редукцијата на ензимот тиросиназа, кој инаку го разложува пероксидот на кислород и вода, па со тоа го потикнува производството на меланин.
Потенцијалниот лек за белеењето на косата би бил базиран на надоместување на ензимот кој би потикнал засилено производство на меланин и така би го спречил белеењето на влакната.
Ова истражување се смета многу важно бидејќи истото би можело да помогне во пронаоѓање на лек за болеста на депигментација на кожата.
