Ви треба ли одмор од Фејсбук?
Објавено: 21 март, 2013, во 10:00 часот
Ново истражување спроведено во Америка покажало дека 61% од Фејсбук корисниците намерно зема пауза од користење на оваа друштвена мрежа, а причините се следни:
– 21% изјавиле дека едноставно немаат време за Фејсбук
– 20% изјавиле дека немало интересни содржини на социјалната мрежа
– 9% изјавиле дека им пречи премногу драма која ја презентираат луѓето на Фејсбук
– 8% изјавиле дека премногу време трошеле на оваа друштвена мрежа и дека им е потребен одмор
