Како да се заштитиме од онлајн крадење на идентитет?
Објавено на 29 март, 2013 во 09:24
Во последно време се повеќе се слуша и чита за крадење на онлајн идентитет.
За да го спречите тоа да се случи не би било лошо малку внимание да посветите на бирање лозинка и бришење податоци кои се за вас достапни на Интернет, а всушшност не би требало да бидат.
1. Направете силни лозинки за се што коритсите онлајн. Лозинките нека бидат комбинација од броеви и букви, и најдобро е да не бидат поврзани со вашето име, датум на раѓање и слично.
2. Заштитете го својот паметен телефон. Немој да имате премногу лични информации на мобилниот, а доколку имате заштитете ги со лозинка.
3. Внимавајте што објавувате на друштвените мрежи. Премногу приватните податоци задржете ги само за себе.