Креиран најскапиот ајфон!
Објавено на 16 април, 2013 во 21:07
Британскиот дизајнер Стјуарт Хју креирал iPhone од чисто злато со црни и бели дијаманти.
Хју, кој стана познат по изработката на неверојатно скапи лукузни уреди, дизајнирал ајфон за кинески бизнисмен.
Според неговите зборови, муштеријата во неговото фамилијарно наследство имал и еден редок 25 каратен дијамант, кој посакал да биде вграден во новиот телефон.
Овој „iPhone“ има повеќе од 600 бели дијаманти, лого „Apple“ од чисто злато опкружено со 53 бели дијаманти, 135 грама 24-каратно злато и сафирно стакло на екранот.
Кога станува збор за црниот дијамант, тој своето место го пронашол на „home“ копчето.
За да ја реализира својата замисла на Хју му биле потребни девет недели.