Апликација која пресметува колку долго ќе живеете!
Користејќи ги основните податоци, “Ignite Wellness Lifestyle Tracker” го пресметува вашиот животен век на основа на вашите дневни одлуки, колку и што јадете и колку често вежбате. Апликацијата за ајфон се користи заедно со уредот наречен “Ignite Pad”,кој се спојува со смарт фонот на корисникот и ја проценува неговата тежина и интензитетот на вежбање за цело време.
Апликацијата има разработен систем на интерактивни цели,систем за наградување со поени,како и учеството на социјалните мрежи, што би ги натерало корисниците да се свртат кон здравиот начин на живеење.
-“Ако го разбереме влијанието на своите секојдневни одлуки на здравјето,веројатно ќе разбереме и како да направиме позитивни чекори кон поздрав живот“, пишува на страниците на PSFK.
Апликацијата собира дополнителни лични податоци за нашите животни навики па немојте да се изненадите ако во еден момент почне да ви предлага на кој начин да се однесувате за поздраво,подолго и посреќно да живеете.
Aпликацијата е достапна за ајфон, ајпод Тач и ајпед.
