Уред кој на телефоните им овозможува да испраќаат и мириси!
Јапонската компанија “ChatPerf” произвела уред “Scentee”, кој им овозможува на паметните телефони да испраќаат мириси. Од компанијата наведуваат дека уредот може да создаде и миризлива атмосфера кога се играат видеоигри или кога се гледаат филмови.
-“Да речеме дека сакате да испратете порака на пријател за кој знаете дека е уморен. Со помош на овој уред можете да испратете релаксирачки мирис во пораката,да се додаде одреден мирис при нотификација на мејл и слично,“ изјавил Aки Јамаи.
Компанијата наведува дека “Scentee” може да се користи за играње на видео игри и гледање филмови и дека ќе се продаваат разни мириси во пластични кутивчиња кои ќе се прицврстуваат под уредот и ќе можат да се менуваат по потреба.
За да се испрати мирис доволно е само да се кликне на копчето на екранот.
Во моментов уредот е достапен само за поранешните генерации на Ајфон а се очекуваат и верзии за Ајфон5 и Андроид.
