Што да правите ако ви падне телефонот во вода?

Објавено на 2 октомври, 2014 во 09:02

Сигурно се прашувате што треба да направите или што воопшто не треба да направите доколку го наводенете мобилниот телефон и како да го спасите. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат во таква ситуација.

Ако ви падне телефонот во вода, прво и најважно, веднаш извадете ја батеријата (дури иако е празна)! Извадете ја и SIM картичката! Сите видливи делови на телефонот избришете ги со мека крпа. Раздвојте го телефонот онолку колку што е можно и отстранете ги сите капки вода од внатрешноста. Немојте премногу да го тресете телефонот, за да не се разлее водата во внатрешноста.

Во никој случај не треба телефонот да го сушите со фен бидејќи во тој случај ќе ја истерате водата и таму каде што не стигнала, а со тоа штетата ќе биде уште поголема.

Многу е важно откако ќе ја извадите батеријата и ќе го пребришите со крпа  телефонот ставете го  во чинија полна со ориз. Оставете го телефонот ако треба и цела ноќ и повремено мешајте го оризот, за зрната на новиот ориз да ги заменат оние зрна кои веќе го апсорбирале вишокот вода.

1. Извадете ја батеријата

2. Не се обидувајте да го уклучите

3. Не се обидувајте да го полните веднаш по бришењето на водата

4. Исчистете го телефонот детално, а доколку е потребно употребете и ориз

5. Кога тоа ќе стане возможно, веднаш појдете во овластениот сервис за вашиот телефон

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.