Млечниот Пат од Земјата
Објавено: 3 април, 2015, во 08:48 часот
Колку е голема нашата галаксија Млечен Пат?
Млечниот Пат, нашиот дом во познатиот Универзум, претставува спирална галаксија 100,000‐120,000 светлосни години во дијаметар и содржи 200‐400 билиони ѕвезди, вклучувајќи го и нашето Сонце со Сончевиот систем и Земјата во него. Галактичкиот центар се нарекува Сагитариус А (Sagittarius A) за кој се верува дека содржи супермасивна црна дупка со маса 4.1‐4.5 милиони пати поголема од нашето Сонце.
Нејзоното име доаѓа од нејзиниот изглед, бледо светлечка лента преку ноќното небо.
Факти за Млечниот Пат

Млечниот Пат се проценува на старост од околу 13.7 билиони години, бројка приближна на староста на самиот Универзум. Староста се определува по пресметување на старост на ѕвезди содржани во галаксијата.
Млечниот пат содржи најмалку 100 билиони ѕвезди, а таа бројка може да достигне и до 400 билиони. Точна бројка сеуште неможе да се утврди.
Земјата заедно со Сончевиот систем, се наоѓа во Млечниот Пат, орбитирајќи на растојание од околу 28,000 светлосни години од центарот на галаксијата.

Дали може да се види Млечниот пат од Земјата со голо око?
Да. Поточно Млечниот Пат е најинтересната глетка на ноќното небо, што може да се види со голо око.
Како и да е, не секогаш е многу светол, и не секогаш е позициониран за непречено набљудување. Па, за да може да го видите Млечниот Пат од Земјата треба да исполните неколку критериуми:
‐ Најпрво ви е потребно ноќно небо, без облачност, и без месечина;
‐ Локација без градска светлина, и без светлина од сообраќај, начелно да сте што подалеку од извор на „светлиснко загадување“. Треба да отпатувате подалеку од било кое градско подрачје, до рурална средина или ненаселен терен. Најдобар поглед би имале од море или океан оддалечени од брегот. На следниот линк можете да најдете интерактивна мапа за наоѓање на „незагадени региони“ http://www.youcanseethemilkyway.com/light-pollution/ . За Република Македонија во полето за барање внесете 41.715793, 21.773357 .
‐ Без телескоп, без двоглед, само очила доколку сте кратковиди e е се што ви е потребно. СОВЕТ: Со користење на двоглед можете да видете дури и други галаксии како Андромеда, па дури и некои далечни комети.
‐ Дајте им време на очите, најмалку 15-20 минути да се адаптираат на темнината. Така вашите очи ќе бидат многу поосетливи на слаба светлина.
‐ Избирање на времето за набљудување во зима или лето (вклучени табели).
Ние живееме во Млечниот Пат, па ова значи дека кога и да погледниме во ноќното небо ние гледаме дел од Млечниот Пат. Поточно спиралната рака поблизу до галачтичкиот центар во еден дел од годината, а другиот дел од годината се гледа делот од спиралната рака кон работ на галаксијата односно пооддалечениот дел од галактичкиот центар. Поради присуството на небула и облаци од прашина, неможеме никогаш да го видиме центарот на млечниот пат во видлива за човечкото око светлина.
Во лето Млечниот Пат изгледа посветло во Северната полутопка (хемисфера) на Земјата. Најзабележителното нешто што би можеле да видете од Млечниот пат е Големиот Појас. Оваа темна лента од Млечниот патпретставува густ облак од интерстеларна (меѓуѕзвездена) прашина, која го блокира погледот кон пооддалечените ѕвезди. На поголеми инфрацрвени бранови должини, инфрацрвената светлина полесно поминува низ тие облаци и ни дава приближна претстава за изгледот на нашата галаксија, но сепак постои затемнување во средината на погледот на нашата галаксија./T.T

