Кажи птичка!!! Универзумот се смее. Телескопот Хабл виде космичко смајли
Универзумот се смее — или барем така изгледа на сликата на која се гледа смајли од небесни тела.
Телескопот Хабл (Анг: Hubble Space Telescope) сликаше збир на галаксии SDSS J1038+4849 кои изгледаат како смајли. Две светли точки кои изгледаат како очи, друга како нос, и криви линии од светлина кои формираат уста, и контура на лице. Сите заедно формираат насмеан лик од збир на галаксии.
Во реалност, двете „очи“ се оддалечени галаксии, а искривените линии се светлина која е искривена од збирот на галаксии — ефект познат како гравитациски диоптер.
Ајнштанјовата теорија на релативитет укажува на тоа дека масивните вселенски објекти може да ја искриват вселената околу нив. Кога светлината поминува низ регион на искривена вселена, може да биде прекршена, увеличена или искривена, исто како да поминува низ оптичка леќа.
Збирните галаксии се едни од најмасивните објекти во универзумот и може да створат голема гравитациска диоптрија.
Во случајот на космичкото смајли, збирните галаксии и искривените светлински линии се перфекто порамнети со Хабл. Како резултат, Хабл гледа во т.н. Ајнштајнов Прстен, во кој светлината од пооддалечените објекти формира круг. Ова ја креира „насмевката“ и контурата на лицето.
Астронаучниците најчесто бараат гравитациона диоптрија со цел да идентификуваат масивни објекти кои не е можно да се уочат на друг начин, а тоа се црни дупки, збирни галаксии па дури и темна материја.
