“Гугл” ја купува “WhatАpp”?!
Објавено: 9 април, 2013, во 13:36 часот
Интернет-магнатот “Гугл” со денови преговара да ја купи апликацијата за испраќање пораки “WhatАpp” која во моментов чини една милијарда долари.
Слични шпекулации беа актуелни и минатата година кога “Фејсбук” се обидуваше да ја купи истава апликација.
Ако овојпат се реализираат намерите, тогаш понудата “WhatсАapp” ќе се изедначи со вредноста на апликацијата “Инстаграм”, која сега е сопственост на “Фејсбук”.
“WhatАpp” е популарна апликација за мобилни телефони која овозможува бесплатно испраќање пораки.
Многумина претпоставуваат дека претставува вистинска закана за “Фејсбук” и за “Гугл”. Апликацијата постои од 2009 година и засега има десет милиони корисници./В.Р
