Путерот во ЕУ со пониска цена од Хрватска
Годинава просечната цена на првокласниот путер во Европската унија драстично паѓа, додека во Хрватска стагнира. Според новите податоци на Министерството за земјоделство, големопродажната цена на првокласниот путер (се продава во коцки од 25 килограми) во јуни во Хрватска изнесува 6,76 евра за килограм. Во истиот месец, просечната цена на тој путер во ЕУ била 4,72 евра.
И тоа не е се. Минатата недела големопродажната цена на путерот во Хрватска скокна на 7,26 евра за килограм (се продаваше во коцки од 25 килограми). Тоа значи дека путерот кај нас денес е поскап за дури 50 проценти отколку во ЕУ. Зошто? Нема официјално толкување, пишува Даница.хр. До крајот на минатата година цените на килограм путер во Хрватска и ЕУ беа на приближно исто ниво,околу 7 евра за килограм. Но, оттогаш има силен пад на цената во ЕУ, кој продолжува до денес, а во Хрватска останува речиси на истото ниво. Поскапи се и многу други млечни производи.
Така, големопродажната цена на едамското сирење во јуни на хрватскиот пазар изнесуваше 4,94 евра за килограм, што е за 24 отсто повеќе од просекот на Европската унија. Поскапа е и Гауда – во Хрватска големопродажната цена во септември била 4,38 евра за килограм, додека просечната во Европската унија е 3,98 евра за килограм.
Дума.мк