Жизел Бундшен е ново заштитно лице на „Шанел”!

Објавено на 5 февруари, 2013 во 14:30

Бразилската супермоделка ќе ја рекламира новата колекција шминки на оваа позната модна куќа.

Колекцијата „Les Beiges”ќе почне да се продава од 15 март. Фотографиите за кампањата ги сними познатиот фотограф Марио Тестино во минатата пролет.

Новата колекција шминки на „Шанел” има нежна текстура, која овозможува природен изглед на лицето. Бундшен претходно беше заштитно лице за познатиот бренд „Макс фактор”, со кој во 2008 година потпиша двегодишен договор за сума од 2,5 милиони долари.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.