Кажете СТОП, на косата која Ви паѓа!
Сувата и ретка коса склона на паѓање може да биде симптом на недостаток на потребни хранливи состојки во организмот.
Доколку и Вие спаѓате во оваа група, време е да пробате неколку намирници кои ќе го поттикнат растот на влакната.
1. Моркови – овој зелечук богат со витамин А не е здрав само за очите. Морковот е совршен и за здрав скалп и сјајни и јки влакна. Затоа, ако сакате да имате здрава коса, време е да ја замените исхраната богата со масти со овошје и зеленчук, житарки, мешунки, риба и немасни млечни производи.
2. Суви сливи – доколку имате ретка коса и таа ви паѓа, најверојатно на Вашиот организам му недостасува железо. Во секојдневната исхрана воведете суви сливи кои значително ќе го подобрат квалитетот на Вашата коса. Експертите исто така препорачуваат и конзумација на зелен зеленчук.
3. Грашок – тој содржи добро избалансирана количина на витамини и минерали како што се железото, цинкот и сите Б витамини кои што се неопходни за здрава коса.
4. Зоб – изобилува со диетални влакна кои се добри за здравјето на срцето и цревата, а содржи и висока концентрација на други неопходни хранливи состојки како цинкот, железото и омега-6 масните киселини. Ове се многу важни за здрава кожа и за раст на косата. Обидете се екој ден во доручекот да вметнете зобни снегулки и малку мед. Вашата коса ќе Ви биде благодарна.