Трикови со чија помош повеќе нема да се чувствувате дебели !

Објавено: 6 април, 2013, во 22:00 часот

Гледајќи го сопствениот лик во огледалото заклучивте дека сте дебели за било какво излегување па сте решиле да седите дома и да гледате телевизија тешејќи се со големи количини на чоколада.Научниците тврдат дека сликата која не чини предебели или преслаби е всушност илузија која се создава во задниот дел од мозокот.

Овој проблем ќе го решите со неколку совети кои ќе ја променат вашата визија.

 

1.Носете црвено

Воопшто не е важно дали се работи за кармин,лак за нокти или дел од облека-има нешто во црвената боја која во момент ви буди чувство на важност и просто како да наметнува почит.

2. Ставете ремен

Ременот е можеби последната работа која би ја ставиле на себе додека се чувствувате дебело,меѓутоа тој одлично може да ја обликува вашата фигура.Само треба да се знае да се одбере оној вистинскиот-танок,дебел со нагласени бои-во зависност од тоа дали сакате да ја намалите или нагласите вашата половина.

3.Модните додатоци ја поправаат работата

Како и да се чувствуваме модните додатоци секогаш не освежуваат и развеселуваат.Восхитувачки чевли,божествени обетки,луди торби или очила за сонце можат да ни помогнат истовремено да ги прикриеме некои телесни недостатоци на оние делови ан телото кои сакаме да ги покажеме.

4.Носете облека која ја обликува вашата фигура

Во широка облека ќе изгледате уште подебело и ќе бидете понезадоволни.Нема смисла да се осудувате на тренерки и широки панталони покрај облека која може одлично да се прилагоди на вашето тело.

5. Одберете штикли со боја на кожа

Дали страдате што сте прениски?Во тој случај продолжете ги своите нозе со некои добри штикли.Внимавајте само нивната боја да одговара на бојата на вашата кожа за да можат да ви ја издолжат ногата.Земете чевли со штикла од барем 8,5 см како би постигнале одличен ефект на слабеење.

6.Фризерски трик за послаб изглед

Обликувањето на косата е одличен начин за подобрување на изгледот,самодовербата или моменталното расположение.Затоа закажете кај вашиот фризер а можете и сами дома да направете фризерски трик:соберете ја косата во високо коњско опавче на кој со помош на фен и малку лак за коса да додадете волумен како вашето лице би изгледало подолго и послабо.

9. Медитирајте

Истражувањата покажуваат како медитацијата и јогата можат до доведат до позитивни промени на расположението.Кај лицата кои подолго време практикуваат медитација забележана е поголема густина на сива маса во мозокот која е поврзана со подобрување на самоконтролата и средување на емоциите.
10.Научете да бидете самоуверени
Ако влезете во просторија и зрачите од самодоверба делувајќи дека се чувствувате фантастично никој нема да забележи дека се чувствувате предебело.Со таков став каде и да се појавите ќе изгледате како нај`голема убавица!

Б.Н.Т

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.