Боите на кармин за оваа пролет!

Објавено: 13 април, 2013, во 11:00 часот

Кармините кои се најавени како најпосакувани оваа сезона дефинитивно ќе бидат оние чии нијанси ја изразуваат топлината на боите и во секоја девојка будат желба своите усни да ги обои токму со нив.

Корална

Коралната боја совршено изгледа  и на потемните и посветлите девојки а посебно ако со оваа нијанса комбинирате „беж“ бои на облека или боја на ментол.

Црвена

Вечните црвени тонови не излегуваат од мода а одговараат на сите девојки. Црвениот кармин одговара речиси на секоја облека и во девојките буди вамп заводнички.

Боја на праска

Освен што потполно не потсетува на лето оваа боја исто така одговара речиси на сите темни и светли нијанси. Со оваа боја ќе бидете многу романтични и идеални особено во долги летни фустани со цветен дезен.

Беж

Беж нијансите се нежни, не се силно впечатливи, па од таа причина со нив можете да изберете и едноставен изглед како фармерки и маички.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.