Линиите се повторно во мода!
Можеби ќе помислите дека ве покажуваат подебели, дека визуелно не се најдобар избор за елегантна вечерна гардероба или за значаен настан, но линиите се повторно во мода.
Во последните неколку сезони имавме можност на модните писти да видиме дизајнирана гардероба со линии. Модните креатори ги користат секојпат поинаку.
Не треба да ја заборавиме и класичната морнарска комбинација која во зависност од тоа како ја комбинирате секојпат може да изгледа поинаку елегантно или спортски.
Oваа пролет модните креатори одлучија линиите во своите креации да ги искористат малку поинаку. Од големи, мали, cрвени, плави и црни, линиите се застапени насекаде.
Дека линиите земаа замаф потврдува и тоа што овој дезен ќе го видите и на обувки, ташни или емарами. Од хоризонтално до вертикално вклопени, линиите ќе можете да ги видите насекаде.
Во колку сакате да ги пратите модните трендови погледнете ја најновата „пругаста колекција“ за пролет/лето `13 на модниот креатор Марк Џејкобс.
видео:
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=7ZsnKducylw{/youtube}