Фармерки кои добро ви стојат!
Фармерките имаат моќ да ги стеснат колковите, да го подигнат задникот, да ги продолжат нозете и да ја ве направат послаби. Но при нивното купување не смеете да заборавите на неколку важни правила.
Од сезона во сезона трендовите се менуваат но формата на телото би требало да биде главен патоказ за одбирање на идеални фармерки.
Кога ги купувате мислите на својата висина и обликот на телото па според тоа изберете фармерки со висок или низок струк, со тесни или широки ногавици.
На полна фигура најмногу и одговараат фармерки со широки ногавици кои ќе ја изедначат фигурата од колковите па надолу.
Во потемни фармерки сите изгледаат послаби а струкот на панталоните би требало да биде веднаш под папокот.
Фармерките со низок струк се одлични за сите со просечна градба со малку поголем задник.
На ниските девојки со поситна градба најдобро им стојат тесни фармерки со низок струк а девојките со витка фигура и долги нозе по правило можат да носат секаков модел па можат и да си поиграат со ретро фармерки со звонести ногавици.