Како да ставете вештачки трепки!
Со добра облека и шминка сигурно сакате да изгледате екстра гламурозно а еден од начините за тоа се вештачките трепки. Тие се произведуваат во повеќе должини а најважно е да ги изберете оние кои одговараат на должината на вашите природни трепки.
Тие се прават од вештачки или природни влакна а можат да се нанесуваат како цел венец или како поединечни парчиња. Вештачките трепки веднаш откако ќе ги ставете ќе ви овозможат сјаен и гламурозен изглед.
Но, имајте предвид дека нивното ставање бара многу стрпливост и концентрација. Можеби во почетокот ќе ви делуваат неприродно или ќе имате потешкотии при лепењето затоа ви препорачуваме неколку корисни совети кои ќе ви помогнат да го направите тоа без многу напор.
1. За добро да се залепат вештачките трепки, вашите капци мораат да бидат чисти и суви.
2. За почеток, на своите трепки нанесете танок слој на маскара.
3. Потоа работ на капакот обележете го со туш или молив за очи, со прст или четкичка благо протријте ја линијата за да ја ублажите и замаглите. На овој начин лентата која ги држи вештачките трепки помалку ќе биде видлива.
4. Исцедете мала количина од лепилото за трепки на прстот и со него нежно поминете преку лентата која ги држи вештачките трепки.
5. Нежно доближете ја лентата на очниот капак на самиот крај на коренот на вашите трепки и залепете ги вештачките трепки. Лепете ги така што ќе тргнете од надворешната кон внатрешната страна. Со помош на двата прста притиснете го крајот на трепките и почекајте неколку секунди да се исуши лепилото.
6. Откако вештачките трепки успешно ќе се залепат, нанесете уште еден тенок слој маскара, што ќе послужи како дополнително лепило кое ќе овозможи природните и вештачките трепки да се измешаат. Внимателно нанесете ја маскарата во внатрешниот дел на горните трепки, почекајте малку, па постапката повторете ја уште еднаш.
7. Ако сакате да постигнете природен изглед одберете ги оние вештачки трепки кои имаат различна должина на влакната. Слободно можете и самите пред да ги ставете да ги скратете со ножици на саканата должина.
8. Вештачките трепки се вадат со средства кои одговараат за отстранување на шминка и тоа така што прво ќе ги премачкате местата каде се залепени. Бидете внимателни за да не ги оштетите своите трепки.