Три танци кои ги топат килограмите!
Многу жени сакаат да танцуваат но ретко која од нив танцот го користи за губење на килограми. Tанцувањето освен што е забавно одлично е и за обликување на телото.
Танцот е одличен сојузник за убаво и затегнато тело. Освен тоа што е забавен и никогаш не е досаден тој совршено го обликува телото, ја зголемува кондицијата и доведува до брзо губење на килограмите токму на оние места на кои тоа ви е потребно. Доколку веќе ви е доста од џогирање или исти вежби во теретана обидете се со еден од овие три танци. Нема да зажалите а резултатите доколку бидете упорни многу брзо ќе бидат видливи.
Зумба
Зумбата претставува комбинација на динамични креации и елементи на латино американските танци што овој облик на вежбање го прави посебно интересен. Еден интензивен час играње зумба помага во трошење на дури 600-800 калории. Најдобро од се е тоа што на тренингот толку добро ќе се забавувате така што ќе заборавете дека сте тука за да ослабите или да го обликувате телото.
Стомачен танц
Стомачниот танц е еден од најстарите и најпопуларните танци. Овој танц може да го танцуваат сите жени без обзир на градбата на телото и на годините. Тој овозможува голема слобода и креативност а сензуалните движења на многу жени им помагаат и за градење на самодовербата.
Латино американски танци
Веројатно најпопуларни, латино американските танци се идеални како за губење на килограмите така и за постигнување на кондиција и обликување на целото тело. Ако никогаш не сте танцувале ниту еден од овие танци, крајно време е да се запишете на курс за латино американски танци.