Големи непријатели на косата: Грубост при чешлањето, топлина и хемија!
Еднаш месечно потребно е четките да се исчистат со сода бикарбона, помеѓу две потстрижувања не треба да поминат повеќе од четири месеци а користењето на фен, пегла и фигаро треба да се намали.
Меѓу најлошите работи за косата се користење на стари и неправилни апарати за формирање на фризура, како и нередовно перење на четките и чешлите,тврдат фризерите.
-„Пред и после секое чешлање е потребно да се отстранат влакната од четката а насобраната прашина барем еднаш месечно детално да се измие со топла вода и сода бикарбона,“ советува дерматолозите.
Тие објаснуваваат дека тоа е најдобар начин за отстранување на маслото и нечистотијата од четките бидејќи не е во ред чистата коса да се чешла со валкана четка.
Груби четки со пластични запци
Пластиката има електролиза врз косата а особено негативно делува на танките влакна. Исто така ако четката е прегруба може да предизвика пукање на влакната, затоа е многу подобро да се избере четка со природно влакно или пак дрвени запци.
Премногу хемикалии на косата
Премногу боја за коса, кератин, маски па дури и шампони може да предизвикаат слабеење на влакната. Важно е бројот на производи кои ги користите да ги сведете на минимум и да користите што повеќе природни средства, советуваат фризерите. Пред третман во салон, кажете му на фризерот со што ја третирате косата.
Високите температури ви се најголем непријател
Превисоката температура и ја одзема на косата нејзината природна влажност поради што трајно можат да се оштетат кутикулите. За почеток, кога се суши косата со фен треба да се избере средна топлина а во летен период и сушење со ладен воздух. Фризерите сметаат дека природното сушење е најдобар сојузник на вашата коса и затоа искористете го убавото време за косата одвреме навреме сама да се исуши. При користење на пегла или виткање потребно е претходно да се нанесе заштита на врвовите за да се спречи нивно пукање.
Четкање од корен па надолу
Расчешлувањето на прамените од коренот кон врвот предизвикува непотребно пукање а најдобар начин е да ја поделите косата во неколку мали делови и да започнете со расчешлување на врвовите кои обично се и најмногу замрсени. За расчешлување користете четка или чешел со широки запци додека за обликување се подобри густи чешли кои ја мазнат косата.
Одложувате да го посетите фризерот?
Иако одложувањето на потстрижувањето е најдобар начин да се пушти косата резултатот нема да биде добар ако не го посетите фризерот барем еднаш во четирите месеци. Овој период се намалува ако имате фарбана коса или минивал, кои додатно ја сушат и предизвикуваат пукање на врвовите.
Груби со мократа коса
Мократа коса особено е чувствителна па тајната на нејзиниот изглед е токму во третманот по самото миење. Внимателното бришење со фротирен пешкир и чекање косата барем малку да се исуши пред расчешлување е најдобар начин за заштита на косата.
Предолго користење на ист шампон
Ако ви одговара шампонот не морате да го менувате на секои два месеци. Сепак се советува шампонот да се менува. Ако ставате прамени или забележите првут, секако сменете го шампонот.