Секогаш модерна – комбинација од розева и светло кафена боја!

Објавено: 20 април, 2013, во 08:20 часот

Светло и темно се универзална комбинација која најдобро се отсликува во светот на модата. Секој кој се занимава со мода знае дека тоа е добитна комбинација.

Најдобар пример за комбинација на темни и светли нијанси во светот на модата е комбинацијата на розеви и светло кафени нијанси.

Овие две бои за око се неспоиви но кога ќе дојдат во допир една со друга зрачат со гламур и стил.

Мирна и во исто време богата, светло кафената нијанса доаѓа до израз со сјаен и динамичен розов фустан. Оваа комбинација од бои често можеме да ја видиме кога се работи за модни случувања каде стилски се е одработено до совршенство.

Комбинацијата е исто така многу почитувана па ја препорачуваат стилистите бидејќи со неа лесно се комбинира шминка. Затоа немојте да се воздржувате од комбинација на светло кафена и розева боја ако сакате до израз да дојде вашиот гламурозен стил.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.