Златна боја за отмен изглед!
Златните детали се еден од императивите за оваа пролет и лето а ќе направат да изгледате поелегантно и поотмено.
Дури и оние кои не ги сакаат боите на жолто злато и немаат ниту едно парче накит со отсјај на сонцето, оваа сезона веројатно ќе ги прекршат своите цврсти модни ставови.
Зошто?
Златните детали се еден од императивите за оваа сезона. Златото е на нозете во вид на сандали и чевли, па и златни хеланки, марами проткаени со златни нити, во понуда се златен шешир, торби, ремени..Сепак се подразбира дека овој моден тренд најмногу ќе биде пропратен со носење на златен накит, односно синџирчиња, прстени, белегзици, часовници и обетки.
Секако, ни златото не сјае секогаш со ист сјај. Во понудата се модни детали од бледожолти до оние потемни, во боја на старо злато.
Она што на сите им е заедничко е дека тоа ќе ве направи да изгледате поелегантно и поотмено.
Извор: Večernje novosti