Водете сметка каква долна облека носите!
Долната облека не ја гледа никој освен вие и вашиот партнер но сепак е многу значаен дел од гардеробата. Вистинскиот избор на долна облека влијае на тоа како ќе ви стои облеката која врз неа.
Ако носите тесни панталони задолжително облечете танга но ако не сакате танга тогаш облечете класични гаќички, без шевови. Водете сметка да го изберете вистинскиот број кој ви одговара.
Доколку носите панталони со низок струк, изберете ниско кроени гаќички. Боксерки или танги би биле најдобриот избор но не е убаво да се гледа работ на гаќичките под панталоните.
Ако носите летни маички со прерамки,изберете градник чии прерамки се вадат. Исто така и фустаните кои се врзуваат околу врат бараат градник без прерамки.
Доколку носите тесни маички, трудете се градникот да нема чипка или некои други украси бидејќи ќе остави впечаток како да имате грпка. Градникот мора совршено да ви одговара за да може маицата да ви стои убаво.
