Црн фустан за секој вид на тело!

Објавено на 23 април, 2013 во 11:30

Сокријте го стомакот

Фустанот на преклоп од вискоза е вистински избор за оние кои го сакат класичниот стил. Овој мек материјал многу убаво паѓа а сатенските набори околу шлицот и големата машна го одвлекуваат вниманието од стомачето.

Екстра совет: Неколку детали во етно стил ќе му дадат на елегантниот фустан потполно нов изглед. Заменете ги лакираните чевли со чизмички, ставете златно синџирче и лента на глава и свечениот фустан ќе се претвори во облека која можете да ја носите секој ден.

Соберете ги рамената

Тесниот фустан од стреч ја следи линијата на телото и ја истакнува фигурата. Жените со развиени раменици треба да избегнуваат прерамки и фустани без грб. За нив идеално решение се кратките ракави кои оптички ги скратуваат рамениците.

Екстра совет: Црн блејзер и марама одлично одговараат со фустанот а ременот ја истакнува тенката половина.

Сокријте ги изразените колкови и бедра

Ако сакате да изгледате како дама од старите холивудски филмови со црниот фустан носете хеланки и балетанки. Фустан сечен под градите ги сокрива изразените колкови.

Екстра совет: Ако ги замените балетанките со чевли со високи потпетици, симпатичниот стил на Одри Хепберн се претвора во елегантна вечерна варијанта. Непрозирните црни чорапи во комбинација со чевли со ремчиња ја издолжуваат фигурата и ја прават уште повитка.

Истакнете ги облините

Вашите облини уште повеќе ќе дојдат до израз ако облечете сатенски фустан со длабок V  израз. Мекиот материјал ќе ги покаже вашите облини во најдобро светло.

Екстра совет: Ако ја сакате екстраваганцијата, направете пунџа, од страната ставете чешел со пердув, на усните црвен кармин и ќе изгледате како фламинго танчарка.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.