Кристали на усните !

Објавено на 24 април, 2013 во 08:27

На последната ревија на Диор мејк ап манекенките одлучија да си поиграат со шминката и особено со кармините. Тие на пистата се појавија со кармини со Сваровски кристали.

Доколку ви се допаѓа овој изглед еве неколку совети како тоа да го направите на прав Диор начин:

Пред се, важно е да ја пронајдете вистинската нијанса на кармин. Црвените и розовите бои без додатен сјај се идеално решение. Откога ќе го ставите карминот, на усните ставете разнобоен штрас кој сосема ќе ви биде доволен да засјаете.

Бидејќи акцентот е ставен на усните важно е да не претерувате со остатокот на шминката. Добра подлога, дискретно нанесен туш на очи и сосема малку руменило – тоа е се што ви е потребно да го следите трендот со кристали на усните.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.