Мејк ап трендови кои морате да ги испробате!
Преубавиот мејкап е најважен детал сезонава во која модерни се богати бои, упадлива шминка и неколку интересни трендови. „Да се фрлиме“ на кратко разгледување на најдобрите трендови за оваа сезона.
1. Усни со боја на вино: Храбар но и забележителен тренд кој ќе го обожувате. Пронајдете ја својата нијанса на кармин во модерна вино боја и заблескајте како никогаш досега. Бидете внимателни при изборот на остатокот од шминката: очите и образите истакнете ги незабележително со малку маскара и руменило за нијанса посилно од бојата на пудрата.
2. Црн туш: Акцентирањето на очите со црн туш ќе ви даде сензуален, секси изглед со малку работа.
3. Нагласени веѓи: Здебелените, силни веѓи се вратија на голема врата. Помина времето на тенки веѓи што не значи и дека треба да ја заборавите пинцетата. Средени веѓи но природни и засилени со молив се императив за деновите пред нас.
4. Лице во една нијанса: Едноставен но многу ефектен тренд. Ова е идеален мејкап предлог за незадолжителни варијанти и моменти кога немате премногу време за подготвување а на вашето лице ќе му даде свежина и ќе ги отстрани евентуалните траги од замор. Се разбира пудра, минимум маскара, руменило во боја на кожата и по желба некој посветол молив за очи!
5. Кафеави очи: Многу од жените ги врзуваат со многу црна и сива сенка, меѓутоа сега владеат кафеавите нијанси на очите. Играјте си малку со топлите тонови на златна и кафеава сенка, додајте црн туш и многу, многу маскара и тргнете во освојување.
6. Руменилото е често потценувано но сепак е совршен мејкап производ кој на вашето лице му дава огромна привлечност, елеганција и прекрасно ги истакнува јагодиците!
7. Мат усни : Можеби се најубав тренд, па затоа овие кармини се највпечатливи и нивните бои доаѓаат до израз а лицето го прават по живо. Доколку го усогласите со бојата на гардеробата ќе постигнете полн погодок!
