Сакате повторно да имате мазни стапала?

Објавено: 25 април, 2013, во 10:30 часот

Со повисоките температури полека се подготвуваме за топлите денови кога ќе ги облечеме маичките без ракави, кратките пантолони и сукњи како и сандали.

Секако дека не сакате на сите да им ги покажете запоставените и рапави пети. За да ја отстраните задебелената кожа, за совршено мазни стапала, посетете педикир или пробајте го овој пилинг.

Состојки :

* лажица-две морска сол

* голема лажица масло од невен

* три капки масло од портокал

* две капки масло од нане

* неколку капки сок од лимон

Во чинија измешајте ја морската сол со сите масла се додека во целост не се  растопи во нив. Ќе добиете густа смеса која тешко ќе можете да ја мешате. На крај додадете го свежиот сок од лимон.

Оваа комбинација на масло прекрасно ќе делува на вашата дебела кожа на петите, ги отстранува мртвите ќелии и ги освежува стапалата.

Со лесни кружни движења нанесете ја пастата за пилинг на чисти и суви стапала.

Повеќе внимание посветете на петите.

Потоа измијте ги стапалата со млака вода, исушете ги нежно притискајќи ги со крпа и на крај нанесете богат хидратантен лосион.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.