Раширете ги новите чевли!
Објавено: 25 април, 2013, во 09:02 часот
Купивте нови чевли но, ви се тесни? Не се откажувајте од нив. Постои можност да ги раширите. Ви откриваме едноставен трик кој вашите тесни чевли ќе ви ги направи удобни. Се што ви е потребно се две пластични вреќички со затворач и вода.
– Двете вреќички наполнете ги со вода
– Затворете ги и ставете ги во предниот дел на чевлите
-Чевлите потоа сместете ги во замрзнувач, да бидат исправени и оставете ги да стојат 24 часа.
-Како ќе замрзнува водата така и вашите чевли ќе се шират. Но, водете сметка во кесичките да оставите простор за ширење и немојте да претерате со налевање на вода.
– Откако ќе ги извадите од замрзнувачот чевлите оставете ги на место каде мразот ќе може лесно да се стопи. потоа исушете ги и облечете.
