Пет модни правила кои треба да ги прекршите!
Објавено: 29 април, 2013, во 13:09 часот
Изгледајте послаби, помлади и оригинални, така што ќе ги игнорирате застарените модни правила.
Правило број 1: Tемно сина не оди со црна
Оваа комбинација е полн погодок, доколку сината нијанса не е премногу темна. Најдобар начин да ја вклучите во својот стајлинг е да носите едноставни црни панталони и плава јакна а трикот е во тоа што под јакната ќе облечете маица во посветла нијанса или ќе ставите впечатливо парче накит исто така во некоја посветла боја.
Правило број 2: Нe правете миксови
Бројни дизајнери и стилисти повеќе пати го прекршија ова правило, па зошто не и вие? Внимавајте само да не претерате, доволно е само едно парче облека со впечатлив микс. На пример, сукна со крупни цветни дезени комбинирајте со блуза со поситни машнички. Важно е да се држите за истата боја.
Правило број 3: Вишокот килограми се покрива со широка гардероба
Се надеваме дека на сите ви е јасно дека ова правило може само да ви одмогне. Гардеробата која ја прати линијата на вашето тело ќе ги истакне сите предности а ќе ги прикрие недостатоците додека во широка гардероба ќе изгледате уште покрупни.
Правило број 4: Чевлите и чантата треба да се сложуваат
Некогаш беше задолжително нијансата, моделот, материјалот и стилот на чантата мора да се сложат со чевлите а сега ви е дозволено да комбинирате разни стилови, колку е поефектно, пооригинално и пред се едноставно.
Правило број 5: Хоризонталните линии ќе направат да изгледате пошироко
Наместо да избегнувате гардероба со линии, отфрлете го ова правило и поиграјте си со нив! Наш предлог е да најдете парче облека со танки линии во бои кои не се во преголем контраст и со некој интересен детал или V израз на маицата.
