Совети од врвни мајстори на шминка и козметика!

Објавено: 16 мај, 2013, во 07:50 часот

Сигурно сте прочитале многу, ама ова се навистина одлични трикови, собрани од врвни мајстори за убавина, нега и шминка.

1. Четките за шминка ќе траат подолго ако редовно ги миете со малку шампон или благ детергент за садови со малку млака вода. Суви ставете ги на хартиени крпи.

2. Нема потреба да купувате пилинг за тело. Можете едноставно да го направите дома и обично е ефикасен, а секако и поефтин. Најпознат и наједноставен е пилингот кој можете да го направите кога ќе измешате маслиново масло и шеќер(или морска сол) во размер 1:2 и ќе му додадете неколку капки етерично масло. Смесата полека нанесете ја на вашето тело, раце, нозе пред туширање, а потоа истуширајте се со млака вода.

3. Пред да ставите кармин, размислете дали вашите усни се негувани. Измешајте кафен шеќер, маслиново масло и екстракт од ванила, со оваа смеса нежно масирјте ги усните а потоа избришете ги со влажно марамче,потоа вашите усни ќе бидат подготвени за ставање на кармин.

4. Не ставајте никогаш преку лето многу пудра. Ќе изгледате како растопена торта. Најдобар совет е пред излегување од дома да ставете хидрантен крем и многу малку пудра.

5. За отстранување на шминката е најдобро да користите маслиново масло, особено за шминката околу очите. Покрај што се отстранува нечистотијата од лицето, маслиновото масло ја храни кожата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.