Море на облеката!
Моделите кои оваа сезона ги преплавија продавниците и многу брзо се проширија на улица се секако мотивите од море. Но, тоа не се хавајската кошула и панталоните бидејќи модните дизајнери сепак имаат некаква поинаква визија на морски примероци.
И минатата сезона неколку познати личности беа забележани како се шетаат облечени во кошули и сакоа прекриени со тропски птици и шарени цветови а ова сезона целата приказна доживеа фантастична кулминација во вид на нови примероци и бои.
Со материјали кои одговараат, сакоата и панталоните со додатоци, изгледаат многу слатко а боите кои дизајнерите ги користат се тиркизна, смарагдно зелена и темно сина. Освен морската вода на дизајнерите исто така интересна им е и морската клима, како и палмите и птиците кои живеат веднаш до брегот.
И како ви се допаѓа овој тренд?
