Најдобри совети за слабеење кои некогаш сте ги добиле !

Објавено: 22 мај, 2013, во 07:07 часот

Пролетта е време кога многу жени се одлучуваат за диета. Често забораваат дека треба да ги осмислат здравите темели за слабеење. Стручњаците советуваат како тоа да го постигнете.

Единствен индекс на вашата телесна маса

Вашиот индекс на телесна маса не еднаков на индексот на вашата пријателка. Значи, вие сте единствена личност. Откријте кој ви е индексот на телесна маса. Тоа можат да го пресметаат и лекари а можете и самите со помош на разни прирачници. Индексот на телесна маса се пресметува така што вашите килограми ќе ги поделите со висината.

Прифатете ги промените на својата тежина

Животот а и нашето тело се менува. Една година добивате дете, втората имате операција, трета година сте под голем стрес. Сето тоа влијае на добивање и симнување килограми. Прифатете ги тие промени и секогаш уживајте во сегашниот изглед. Ако во старт тргнете со негативен став за себе и својата тежина нема далеку да дотуркате.

Целта треба да биде квалитетен удел на маснотии во организмот.

Еден од најдобрите начини  за пресметување на реалната телесна тежина е оној кој се темели на здравиот процент на маснотии во организмот. Најпрвин утврдете колку е тој процент а потоа со помош на лекар дознајте колку здрави масти смее да има во вашиот организам.

Одвоите доволно време

Симнувањето на килограми бара време. Ако бидете нестрпливи ќе се доведете во состојба на фрустрација и обесхрабреност а тоа нема да даде добри резултати. Бидете внимателни и нежни кон себе. Запомнете дека не сте се здебелиле за два дена туку дека килограмите сте ги собирале со месеци. Ако сакате трајно да ги симнете тогаш за тоа ќе ви треба време. Брзите решенија не се никогаш ефикасни.

Манекенките и актерките не се ваше мерило

Манекенки, актерки и пејачки често се премногу слаби и не можат да бидат пример за нормалните жени. Со нивните килограми не треба да се оптеретувате. Освен тоа фотографиите на тие жени минале многу обработки и ни тие не изгледаат така како што вие мислите. Бидете си сами свое мерило.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.