Моден хит – пижама панталони!

Објавено: 23 мај, 2013, во 07:50 часот

Овие лесни панталони се полн погодок за пролет и лето бидејќи освен што се комотни и пријатни за носење, лесно се комбинираат.

Во врвот на модните скалила оваа пролет се најдоа широки панталони кои имаат ист дизајн како и свилените пижами.Дури и изборот на материјал,боја и дезен е сличен,разликата е можеби само во комбинациите со остатокот од облеката.

Најактуелни се моделите прошарани со цвеќе, линии, машни, како и геометриски, апстрактни и животински мотиви. Популарни се и еднобојните пижама панталони во темни нијанси како и комбинирани во две или три бои.

Сите модели во главно се кроени така да се носат на колковите, модерни се и оние со потполно широк крој како и панталони со патенти на ногавиците.

Овие панталони не се резервирани само за лесни варијанти за облекување,туку одлично одат и со елегантни и гламурозни комбинации.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.