Покажете го стомачето !
Иако ова е моден тренд кој за жал не можат да си го дозволат сите жени поради градбата на телото веруваме дека оние кои можат да се пофалат со рамни стомаци ќе ја искористат оваа шанса и ќе испробаат некои од моменталните трендовски модели.
Додека минатата година блузи беа популарни оние блузи во т.н „земјоделски“ стил годинава, многу креатори на нов начин се поиграа со нив и тоа во футуристичко издание.
Правилните, остри линии, со интересни примероци на ткаенина, кожа, многу малку или без никаков акцент на деколтето, туку исклучиво само на стомакот.
Во некои креации замислено е да се гледа папокот а во некои не. Тука е искористена токму таа „земјоделска“ нота од 40 години од минатиот век, која ги окупира модните дизајнери повеќе од една година.
