Освежете ја косата со кана !

Објавено на 27 мај, 2013 во 08:18

Знаете ли дека постои неутрална кана? Правот растопена во вода се нанесува како маска на темето и косата но не се препорачува на плави девојки. Во продолжение прочитајте кои чекори треба да ги направите за правилно да ја нанесете аната на косата.

1. Потопете ја каната.

Добро прочитајте го упатството за употреба,посебно делот за количината на прав која треба да ја земете. Ако сте купиле кана без упатство земете 7 лажици прав и потопете го во млака вода за да добиете густа маса.

2.Нанесете ја маската .

Обезбедете си посебна четка за боење,каква што употребуваат во фризерските салони. Долга и рамна,та четка помага смесата да се распредели дел прамен по прамен,брзо и исто.

3. Натопете го секое влакно.

Прикријте ја косата со кана од коренот до врвовите бидејќи врвовите повторно ќе зајакнат под влијание на каната. Потоа косата гмечете ја со прстите за каната да навлезе што подлабоко.

4. Оставете да делува.

Почитувајте го упатството за времето на употреба за делување на каната и трпеливо чекајте 20 до 30 минути. Потоа косата темелно измијте ја со млака вода а потоа измијте ја со благ шампон.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.