Стил на денот- Ментол зелена!
Мека нијанса на зелена и тиркизна,ментол зелената е голем хит во претстојната сезона а нам никогаш не ни е доста од свежи бои.
Брендот ментол е насекаде од облека до додатоци,од шминка до лакови за нокти.
Се прилагодува на сите бои на кожа а многу убаво оди во комбинација со бела, црна, боја на праска, морнарско сина. Освен што е шик и убава боја, сепак треба да бидете умерени. Обратете внимание на вашата боја на кожа, на бојата на облеката која ја комбинирате со ментол зелената па дури и на нијансите со оваа боја.
Наш совет е доколку имате потемна коса и темна боја на кожата одберете светло зелена.
На плавокосите им советуваме да експериментираат со потемни нијанси на ментол.
Никогаш не носете ментол од глава до пети, носете ја во комбинација со други пастелни нијанси на розова, беж, боја на лаванда, светло кафеава и сладолед нијанси.
Исто така ментол бојата е одлична комбинација со златната.
Носете ја во вид на летни додатоци и уживајте во нејзината свежина. Оваа боја е добра во мали дози инаку принцезите лесно можат да се претворат во жаби.