Шеширите од слама актуелни и оваа сезона!
Објавено на 30 мај, 2013 во 09:00
Со овој детал ќе бидете во тренд и лицето ќе ви биде заштитено од сонце.
Освен што се одлични за заштита од сонце, шеширите и ова лето ќе бидат еден од ултимативните модни детали кои на секоја комбинација на облекување ќе и дадат посебен белег.
На вас е да изберете модел кој одговара на вашиот моден стил-класични, мали шешири или пак оние дамски со широк раб.
Ако носите летни чизми одличен избор се каубојски шешири а класичните шешири најлесно ќе ги комбинирате со лесни дневни комбинации – цигара панталони, струкирани кошули ,шорцеви и памучни маици со шара.
Дамските шешири со широк раб одлично ќе изгледаат со романтични и елегантни долги фустани или класични одела.