Најчести грешки при користење на пегла за коса!
Иако сме свесни за штетата која ја нанесува, користењето на пегла за коса за многу жени денеска стана вообичаена пракса. Можеби се трудите што помалку да ја оштетувате косата за време на користење на оваа машинка но тоа не значи и дека не правите грешки.
Косата е се уште влажна
Иако постојат посебни пегли за мазнење на влажна коса стручњаците сигурно нема да ви ги препорачаат. Уште поголем грев ако користите обична пегла додека е косата мокра и влажна. Значи, пред да се фатите за пеглата косата задолжително исушете ја до крај и почекајте барем пет минути пред да почнете со пеглањето.
Заштитно средство
Пред користење на пеглата, косата би требало да ја заштитите со серум, спреј ,масло или некое друго заштитно средство кое ја штити косата од топлина. Без тоа, вашата коса многу брзо ќе се оштети и ќе го изгуби природниот сјај.
Јачина на пеглата
На пеглата во главно постои опција за подесување на топлината, избегнувајте пеглата да ја ставате на максимална јачина бидејќи така ќе ги ослабете влакната а како резултат ќе се појават испукани врвови и оштетена коса.
Предолго пеглање на косата
Немојте ист прамен неколку пати да го изложувате на голема топлина. Бидете внимателни секој прамен што е можно повеќе израмнете го со четка пред пеглање. При тоа одете бавно, така што пеглата ќе ја држите на едно место само неколку секунди. Колку повеќе ја држите толку и ја оштетувате косата.
Користите подебели прамени?
Доколку праменот кој го пеглате е преголем топлината нема рамномерно да се распореди и нема доволно да се испегла. Така пеглата ќе ја држете долго на косата што не е препорачливо.
Широки пегли за коса
Пеглите со прешироки плочки тешко доаѓаат до самиот корен на влакната. Користете пегла со керамички плочки со ширина од 2,5 сантиметри.