Болно теме од коњско опавче!
Носењето опавче е funky,модерно и стилски. Опавчето е удобно, се смета дека е добро за косата и е во тренд секогаш. Меѓутоа високо врзување на косата понекогаш може да предизвика болка. Тоа е чест проблем кој се случува поради грешки кои влијаат на коренот на косата и затоа избегнете да ја врзувате.
Цврсто опавче
Ако цврсто го врзавте опавчето тоа ја потегнува косата и предизвикува нејзино оптегнување. Никогаш не треба да ја врзувате косата многу цврсто. Тоа исто така може да доведе до губење а косата и болки во темето. Цврстото опавче изгледа убаво но внимавајте тоа да не биде премногу јако и да не вија повлекува вашата кожа или прамените коса. Ако е таков случајот тогаш попуштете го опавчето малку на темето.
Суво теме
Тоа исто така предизвикува стегање по врзувањето на опавчето. Значи ако тоа е суво и ако ве боли по врзувањето,веднаш нанесете масло на кожата. Тоа дава инстант олеснување. Понекогаш опавчето може да предизвика и главоболки. Значи,масажата со масло за коса е добра и релаксирачка.
Ластички за коса
Какви ластички да користите за врзување на опавче? Ако е тоа тенка пластична гумичка или метална со еластичен дел,фрлете ја веднаш. Таквите ластички ја влечат косата,оштетуваат и предизвикуваат болки на темето. Користете подебели ластички кои не ја тегнат косата.
Сува и виткана коса
Ако имате сува коса ластичката лесно ќе ви предизвика непријатност. Користете природни хидратантни производи како оцет за да ја омекнете и да ја направите вашата коса лесна за обликување.