Стил на денот – Мало бело фустанче!
Често од модните дизајнери слушаме дека задолжително парче од гардеробата е краток црн фустан. Меѓутоа ова лето како задолжително ви советуваме мало бело фустанче.
Ја гледавме во колекциите на светските модни куќи особено со него се забавуваа Dolce & Gabbana и Chloe. Одговара за вашите дневни активности а кројот и материјалот ќе го одберете по ваша желба. Со чипка,памучна,со V израз или без него,со асиметричен или рамен крој,малото бело фустанче ќе ви помогне многу да го олесните изборот кога е во прашање летната гардероба.
Можете да ја комбинирате со разни додатоци,најразлични бои и дезени. Белиот фустан со додатоци од цветен дезен ви дава вистински романтичен изглед додека во комбинација со јаки бои вашиот изглед ќе го направи тренди. Доколку избирате бели додатоци наш совет е да обрнете внимание на нијансите на бела боја кои би требало да одговараат. Уживајте во претстојното лето и вашиот омилен мал бел фустан.