Маски за коса кои ќе ве разладат!
Со оглед на тоа дека ни доаѓа летото и големите топлини во тој период мора да обрнете посебно внимание на вашата коса. Морате да ги користите вистинските техники за вашиот корен да биде хидратизиран. Ако е и разладувањето ваша цел тогаш ништо подобро нема да ја заврши работата од летните маски за коса.
Мед, јајца и маслиново масло
Скршете ги јајцата во чинија,тргнете ги белките а оставете ги жолчките. Додадете две лажици мед и две лажици маслиново масло во ова чинија. Темелно измешајте ја смесата. Сега оваа маска ставете ја на косата и оставете десет минути. Измијте со вода на собна температура. Оваа маска ќе ја направи сјајна вашата коса.
Кокосово масло и црно вино
Измешајте еднаква количина кокосово масло и црно вино. Натопете ја косата со оваа смеса. Прекријте ја косата со капа за туширање и оставете 10 минути.
Јогурт и сок од лимон
Ова е најпожелната маска за коса во текот на летото. За правилна нега на косата во летниот период се важни две работи:ладење и влажност. Јогуртот и сокот од лимонот ви ги даваат двете работи. Додадете две лажици сок од лимон на една шоља јогурт и добро измешајте. Сега ставете ја маската од коренот до врвот на косата. Оставете десет минути и измијте со вода на собна температура. Ќе имате помалку првут и вашето теме ќе биде хидратизирано.
Краставица и млеко
Ако вашето теме изгорело на сонцето ова е идеална маска која може да ја поправи штетата. Изгмечете 5 парчиња краставица или сомелете ги во блендер. Додадете две лажици кисело млеко. Сега измешајте ги овие состојки и ставете ја маската на темето. Оставете 10-15 минути,измијте без користење на шампон.