Сами направете спреј за совршени локни!

Објавено: 2 јуни, 2013, во 08:28 часот

За природни, расфрлани и малку забележителни локни исто како кога ќе излезете од море и ќе оставите да се исушат на сонце, не мора да чекате лето или главата да ја нурнете во се уште ладното море.

Сјајната преубава фризура се крие во едно шишенце. Дознајте како само во 3 чекори ќе направите тренди локни како од плажа.

Состојки за спрејот за локни:

1 шол топла вода

2 лажици горка сол

1/2 лажица обична морска сол

1 лажица гел алое вера

1/2 лажица регенератор на растителна основа или неколку капки бадемово и масло од јојоба

3 капки етерично масло од лаванда или лимон

Подготовка на спрејот за локни :

1. Во стаклено шише со распрскувач налејте вода или чај, додадете горка сол и морска сол и протресете.

2. Во смесата додадете состојки од алое вера гелот, регенератор, неколку капки од етеричното масло по избор и на крај доколку одлучивте да ја осветлите косата додадете лимонов сок и вотка.

3. Шишето затворете го и содржината тресете ја 1-2 минути додека не се растопи до крај а состојките да се соединат. Потоа е готов за употреба.

Совет: Направениот спреј чувајте го на собна температура, протресете го пред користење а рокот на траење му е 3 до 4 месеци.

Начин на користење:

1.За диви локни – на мокра коса нанесете од спрејот, замотајте ја во крпа и оставете да се исуши. После 15 минути тргнете ја крпата и оставете локните слободно да паѓаат баш така како манекенката Жисел Бундхен.

2.За расфрлан look – на врвовите и на коренот на исушената коса нанесете спреј и со прсти добра масирајте го. На овој начин ќе постигнете волумен и бушава фризура која во последно време ја одбираат светските ѕвезди како глумицата Кејт Хадсон.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.