Сите ја сакаат – жолта неон !

Објавено: 3 јуни, 2013, во 07:30 часот

Весела, динамична и откачена, неон жолта е совршена боја која ќе ви ја истакне летната темна боја. Оваа сезона славните просто ја обожуваат па можеме да ја видиме и на црвените теписи, на ТВ емисиите, на сцена ,во модните списанија….

Освен облека во неон жолта нијанса, ѕвездите обожуваат и детали – чевли, чанти до некои поебни зафати на облеката.

Marion Cotillard во Кан носеше многу интерес мантил и краток црн фустан а целата комбинација ја издигна со црни салонки со неон жолт врв.

Jennifer Lopez е позната љубителка на неон нијансите и затоа често ги носи. Овој пат неон жолтиот фустан го искомбинира со неон розови лакирани штикли. Иако тоа можеби изгледа претерано со оглед на нејзиниот потемнет тен и коса со совршена нијанса на мед, овој неон изглед и тоа како добро и прилега.

Charlize Theron за прошетка низ градот избра сладок фустан со чипка со неон жолта боја и темно сини тесни фармерки и црвени балетанки. Симпатична и млада летна street-style комбинација.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.