Пет предмети од гардеробата кои морате да ги имате во орманот
Не е важно каков стил сакате – постојат парчиња облека кои би морале да ги имате.
Класична бела кошула
Додека модните трендови за маици се менуваат,класичната бела кошула е секогаш ин и не излегува од модата. За ова парче облека се исплатува да не се штеди бидејќи колку е кошулата поквалитетна – тоа подолго ќе трае. Најдобро е ако е од памук со малку еластин. Белата кошула можете да ја комбинирате речиси со се и во секоја прилика. Идеално оди со панталони,сукњи,под сако,на фармерки,па и шорц а на неа секогаш можете да ставете кравати или некоја ефектна долга огрлица.
Совршени фармерки
Речиси сите жени во својот орман го имаат оној еден совршен пар омилени фармерки кои можат да се искомбинираат со речиси сите останати парчиња облека,како за дневни така и за ноќни излегувања. Ако случајно се вбројувате во оние кои уште не пронашле идеален крој за себе тоа под итно би требало да го промените бидејќи и тие токму како и белата кошула секогаш се ин.
Коктел фустан во боја
Речиси секоја жена го цени својот краток црн фустан кој го има во орманот и сите светски креатори тврдат дека тоа е парче без кое никако не се може. Меѓутоа за да не изгледате секогаш исто,пожелно е својот гардеробер да го освежите и со еден коктел фустан во боја а ако сте во можност и повеќе од нив. Она што е важно фустанот секогаш можете да го комбинирате со разни јакни,сакоа но и со интересни чорапи.
Марама
Немојте да се двоумите кога е во прашање купувањето на марама како моден детал. Тие оваа сезона се апсолутен хит а во зависност од материјалот и бојата можат да се носат преку цела година. Освен што можат да е врзат на повеќе начини,со шарена марама секогаш можете да носете бело,црно како и фармерки а вашата комбинација ќе изгледа привлечно.
Сако за секоја прилика
Дел од облеката кој е скроен за работа,може добро да се искомбинира и носи во многу други ситуации па затоа е неодминливо парче кое морате да го имате. Идеален е за секојдневни излегувања во комбинација со фармерки,за време на студени вечери може да послужи како јакничка а одлично изгледа и кога ќе се усогласи со сукњи и фустани.
