Мини штикли и високи жени!
Објавено на 5 јуни, 2013 во 11:00
Многу жени купуваат штикли за да изгледаат повисоки и нозете да им изгледаат подолги и поубави.
Меѓутоа мал е бројот на оние кои можат да си дозволат на себе ниски потпетици. Тие навистина се среќни.
Високите жени во чевли со ниски потпетици изгледаат елегантно како и оние кои носат високи потпетици.
Доколку и вие сте една од тие среќнички со тесен црн фустан изберете чевли во боја на црно вино со ниска потпетица или салонки со ниска потпетица.