Какви костими за капење одговараат на вашиот облик на тело?

Објавено: 8 јуни, 2013, во 10:34 часот

Од обликот на вашето тело зависи каков костим за капење совршено ќе ви одговара – да ги истакне сите предности и да ги сокрие недостатоците.

Атлетска градба. Жените со ваква градба имаат широки раменици,тесни колкови и мускулести нозе. Доколку сте вака градени ,вам совршено ќе ви одговараат костими за капење со женствени детали.

1. За да ги истакнете колковите,долниот дел на вашиот костим за капење треба благо да се стеснува на доле со задната страна а колковите треба да бидат украсени со некои интересни детали.

2. Рамената ќе изгледаат понежно доколку користете корпички и перничиња во горниот дел.Избирајте костими за капење со женствен дизајн,бисери и со доста детали.

3. Избегнувајте спортски костими за капење.

Рамна градба. Кај дамите кои немаат особено нагласени облини т.е кај кои ширината на половината и колковите е речиси еднаква постојат две решенија кај избор на костим за капење: измислете облини или впуштете се во авантура дека немате што да скриете и одлучете се за стил,кој ве открива.

1.Истакнете ги градите и задникот со воланчиња и реси на костимот.

2.Истакнете ја својата мала фигура во мал тесен бикини.

3. Избегнувајте рамни костими за капење без бретели и спортски гаќички.

Крушковидна форма на фигурата. Жените со ваква градба имаат широки колкови и тесни рамена. Доколку сте незадоволни што долниот дел на телото ви е малку поголем тоа можете да го ублажите со благо засечен долен дел на костимот.

1. Долниот дел треба да  биде малку подлабок а нема да згрешите и ако се одлучите за шорц.

2. Горниот дел нека биде со корпи,ленти и детали на деколтето.

3. Избегнувајте натписи на долниот дел од костимот за капење како “look at me!”

Фигура во облик на песочен часовник. За обликот ан телото кој популарно се нарекува песочен часовник,карактеристични се истакната колкови и рамена. За овој облик неопходен е костим за капење кој ќе ги пополни недостатоците а облините ќе ги држи на свое место.

1.Одлучете се за цврст костим за капење со ситни додатоци кои нема да ги изменат вашите пропорции.

2.Горниот дел на ксотимот треба да биде вертикален со корпи или триаголен со цврсти корпи.

3.Доколку не сте егзибиционист избегнувајте какви да е тесни ленти и ан горниот и на долниот дел на костимот за капење.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.